Насловна
Стрип информации
За проектот
Автори и дела
Досегашни изданија
Активности
За нас
Ване Трајков
Томе Трајков
Контакт со нас
Линкови
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics

Посетители

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterToday97
mod_vvisit_counterThis week757
mod_vvisit_counterThis month2140
mod_vvisit_counterAll days327883

Online (20 minutes ago): 5
Today: Дек 16, 2017
 
За нас PDF Печати Е-пошта

Стрип центар на Македонија со седиште во Велес е формиран во 2002 како продолжение на ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЉУБИТЕЛИ НА СТРИП “СТРИП АРТ” (формиран во 1995 г)

Истиот има за цел за

  • заживување и афирмирање на македонскиот стрип низ разни средини и заедници како во, така и вон границите на нашата земја
  • мегусебно организирање на стрип чинителите во Македонија ,
  • афирмација и практична примена на можностите што ги дава стрипот во разни сфери на општеството

Ресурси : просторија за користење, опрема, компјутер, скенер, принтер, простор за изложби на стрип.

Стрип центарот на Македонија, во своето континуирано делување успешно работи во следниве дејности:
а)Библиотечна дејност (со фонд од повеќе од 10000 стрип наслови),
б) Издавачка дејност (досега отпечатени 16 броја на стрип списанието СТРИП АРТ, 19 броја на стрип магазин КРЕАТОР (единствена постојана стрип публикација кај нас која излегува од 2003 г) македонските автори континуирано ги објавуваат своите стрип дела(доста од нив и дебитантски),како и стрип албумите

Во 2013 г  издадена е стрип книгата „КОЧО Рацин“  како и списанието„КРЕАТОР“  бр /16/17

Во 2014 издадено е списанието „Креатор“ броеви  18 и 19,како и специјален број којшто беше финансиран од страна на Фондацијата ПРИНЦ КЛАУС од Холандија

Во 2015  издадени се два броја на списанието „КРЕАТОР“ бр 21и 22, потоа стрип книгата „ ИТАР ПЕЈО“ од авторот Диме Иванов-Димано како и првиот број на „СТРИП АЛМАНАХ“


в) Изложбена дејност (изложби: групни, поединечни и наменски)во разни градови во Македонија и во странство
г) Едукативна дејност во чии рамки има одржано повеќе стрип работилници со учество на почетници и афирмирани цртачи.

д) Интернационална дејност ,континуирано овозможување на контакти на македонските стрип автори со стрип чинители од други земји

ѓ) Застапувачка дејност пред државни институции,медиуми, јавност ...со цел стекнување на подобри услови за делување на македонската стрип сцена


традиционалниот меѓународен стрип во Велес


 

  Стрип центарот на Македонија-Велес  е иницијатор и непосреден организатор  на најреномираната стрип манифестација кај нас

 

Вообичаено ,се организира наесен и  се состои од неколку групи на активности:

 

  • гостување на познати имиња од светот на стрипот

 

Во 2013 специјални гости беа Јуле Крушке од Германија, Даниел Атанасов од Бугарија, Диана Калугина од Украина како и претставник на Лесковачката школа за стрип „НИКОЛА МИТРОВИЌ КОКАН“

 

Во 2014 со финансиска поддршка од страна на Фондацијата „Принц Клаус“ од Амстердам  ,Холандија преку проектот „НОВИ СТРИП ПРИЈАТЕЛСТВА“ специјален гостин беше г.Ервин Рустемагиќ-најпознат стрип издавач и менаџер во светот. Исто така гости на македонската стрип сцена беа стрип автори од Србија, Босна и Херцеговина,Црна Гора ..додека планираните гости од Турција , Албанија и Косово  не присуствуваа.

 

Во 2015 г гости беа:Ергун Гундуз и Сонер Туна од Турција, Греда Опараку и Џеми Џелилај од Албанија, Сабахудин Мурановиќ Муран од Србија,.

 

  • Доделување на признание за развој и афирмација на македонскиотстрип

 

Секоја година за време на салонот  свое должно внимание добиваат  и заслужните дејци преку доделувањето  на Признанието за развој и  афирмација на стрипот во Македонија , именувано според прерано починатиот доајен Љупчо Филипов.Во 2012  лауреати   беа Киро Донев и редакцијата на Наш свет, во 2013 ова признание му се додели на Оливер Ромевски –стрип сценарист и промотер , во 2014 г на Стрип Книжара „БУНКЕР“ Скопје и во 2015 на  „ОСТЕН“ Скопје.

 

 

 

  • Меѓународен конкурс за стрип

 

Радува податокот што добитници на награди се почесто се автори од нашата земја .Ова е само уште еден доказ за растечкиот квалитет на македонскиот стрип но и обврска за нас како организација.Toa се однесува и за улогата на државата .медиумите и јавноста коишто треба да пројават   многу поголема грижа  за афирмација, развој и етаблирање на „деветттата уметност“ кај нас.На досегашните , а посебно на  последниот Салон ,  присуствуваат се поголем број на нови  стрип таленти од Македонијa,се создаде голем  импулс како меѓу младите од Велес така и од  други градови.

ПРОЕКТИ ФИНАНСИРАНИ ОД СТРАНСКИ ДОНАТОРИ

  • Проект „БАЛКАНСКИ СТРИП МОСТ„ 2007 e финансиран од страна на Фондацијата ЕУРОКУЛТ-Амстердам
  • Проект „НОВО СТРИП СОСЕДСТВО„ 2009 е финансиран од страна на Фондацијата „ЕУРОКУЛТ“  Амстердам

 

  • Проект „НОВИ БАЛКАНСКИ ПРИЈАТЕЛСТВА“ 2014 г финансиран од страна на Фондацијата „ПРИНЦ КЛАУС“ од Холандија.

  • СОРАБОТКА

ДРУГИ ФОРМИ НА СОРАБОТКА СО  АСОЦИЈАЦИИ


  • Персонал на СЦМ Велес беше вклучен во организирањето на 2 та 7 дневна образовна програма за Стрип, стрит арт и дизајн насловена Аrt and design for advocacy: COMICS AS ADVOCACY TOOLS месец јуни 2014 ,Охрид во организација на International Debate Education Association (IDEA) - Југоисточна Европа
  • СЦМ Велес беше вклучен преку свои изданија и друга техничка помош за репрезентативната изложба на македонскиот стрип организирана од страна на НУБ„Свети Климент Охридски“ Скопје(од 27.03.2015 до 20.04.2015)
  • На ден 24.01.2014 Ликовен салон врз база на соработка со здружението „ПРОДУКЦИЈА“ Скопје се одржа  промоција  на стрип албум Личната иднина или личниот футуризам преку јавните политики“.  (уредник Иванка Апостолова )

 

СОРАБОТКА СО  МЕДИУМИ

Стрип центар на Македонија има развиена и интензивна медиумска соработка со пишани и електронски медиуми од Македонија.

За истакнување е соработката со средношколскиот подлисток„МЕДИУМ“ којшто месечно излага при весникот„НОВА МАКЕДОНИЈА“.Овде соработката се состои од објавување на стрипови кадешто автори се  средношколци од Македонија.

ДРУГИ ПОБИТНИ  АКТИВНОСТИ


  • Одржана промоција на Белгиската стрип сцена , Велес, 8 .04.2014 г
  • Член на персоналот  на СЦМ Велес беше во состав на интернационалното стрип жири на првиот воопшто стрип настан во Албанијаорганизиран од страна на Министерство за култура на Република Албанија (ноември 2014)
  • Учество на манифестацијата „БЕЛА НОЌ“ 2014
  • Улество на манифестацијата „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“ 2015

 

КОЛЕКТИВНО ЧЛЕНСТВО ВО АСОЦИЈАЦИИ

 

  • ЈАДРО-асоцијација на независна културна сцена
  • Во 2014 г  Стрип центарот на Македонија-Велес стана асоцијативен член во мрежата на ЕВРОПСКИОТ ФОРУМ НА ИЛУСТРАТОРИ


 

ПОКРОВИТЕЛ

ДОСЕГАШНИ ИЗДАНИЈА

Автори

Forum